ССМ: Законските измени се силување на работничките права кои предвидуваат најмалку 60 часовна работна недела

ССМ е разочаран од односот на Владата и пратениците кои гласаа за измените на законот за работни односи кои предвидуваат најмалку шеесет часовна работна недела за работниците ангажирани на стратешки проекти и најавува дека во првиот момент кога ќе стапи на сила, ќе побара, повторно, Уставниот суд да пресече дали е дискриминаторски и противуставно или не, анализира Телма. Ова е силување на работничките права, децидни се од синдикатот од каде најавуваат протести и блокади.



Од ССМ се на истиот став како претседателот Пендаровски кој најави дека нема да го потпише указот за законот, а тоа е дека Уставнито суд има вопоставено пракса со тоа што веќе еднаш донесе одлука. Образложението дека ќе се скрати времето на изградба и трошоците за ССМ е бесмислено.

Синдикатот вчера доставил писмено барање до евроамбасадорот Гир да ја спречи злоупотребата на европското знаменце на овој закон а добил и уверување од кофнередациите на европските и светските синдикатите дека забелешките на ССМ ќе ги достават до Европската Комисија.

ССМ беше еден од подносителите на ицијативата до Уставен суд за оценување на уставноста на член 12 од Договорот за стратешко партнерство меѓу Владата и „Бехтел&Енка“, каде се содржаа голем дел од измените во законто за работни односи кои денеска го мина првиот собраниски филтер, а кој Уставниот суд го укина оценувајќи го како дисктриминаторски.