ССМ: Владата да не ги прифаќа игрите на работодавачите, ќе блокираме и слободни економски зони

Сојузот на синдикат на Македонија ја повика Владата да не потпаѓа под влијанието на работодавачите и на трипартидниот економско-социјален совет заедно да ги надгласаат за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.



Од ССМ во своето денешно соопштение информираат дека доколку в четврток Собранието на пленарната седница не го изгласа предлог-законот на „Левица„ за зголемување на минималецот, ќе настапи генерален штрајк, на кој покрај фабрики, институции и патишта, ќе се блокираат слободни економски зони.

„ССМ е веќе во штрајк поради немање слух од работодавачите и срамните предлог решенија кој ги вадат на секој ЕСС за да купуваат време кое ние го немаме!

Владата која излезе со анализа која ја поздравуваме и која потврдува дека предлогот на ССМ е најреален и одржлив како идејно решение и по кое позитивно се произнесоа и затоа бараме повеќе да не потпаѓаат под влијание и игрите на работодавачите кои се дрзнаа да бараат за себе.
Бараме да го стават предлогот на ССМ на гласање на ЕСС кој за нив заклучувајки по анализата изготвена од нивна страна и дискусиите кој ги водат на ЕСС е прифатлив.
Ја охрабруваме Владата цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што го бараме.
Доколку и понатаму нема решение за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати, ССМ во четврток на 10.02.2022 година ќе излезе пред Собранието на Македонија и ќе го повика членството да им дадеме подршка на сите пратеници да го изгласаат предлог законското решение предложено од ССМ и доставено до сите нив за минимална плата кое е ставено како 7-ма точка на дневниот ред на седницата што ке се одржи во четврток на 10.02.2022 година во 11 часот.

Доколку и тоа не се изгласа, почнуваме со Штрајк – блокади на фабрики, слободни економски зони, институции, патишта и итн., зошто виновни што немаме Минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати се работодавачите, а на Владата и порачуваме одлучно да застане на страната на работниците и да го стави предлогот на ссм на гласање на есс и истиот да го поддржи!“, се вели во денешното соопштение на синдикјалците.

Извор: Фактор.мк