Од Сојузот на Синдикати на Македонија попладнево со објава за месечните трошоци на домаќинствата. Тие потенцираат дека цените неоправдано растат и дека се осиромашуваат работниците.
– Неоправданото зголемување на цените дополнително ги осиромашува работниците и граѓаните додека алчните газди и компаниите профитираат од таквите неоправдани, нелогични и нечовечки зголемени цени, што се рамни и со кражба на платите на работниците и време е таквите алчни газди да сносат одговорност. Нивните огромни профити ја подгреваат инфлацијата, а не платите на работниците со кои одвај се преживува тековниот месец.

Иако инфлацијата се намалува и за месец февруари изнесува 16,7 отсто и е намалена за 0,4 пп споредбено со месец јануари сепак синдикалната минималната кошница се зголемува. Според пресметката, вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари изнесува 50 909,00 денари и е поголема за 110 денари споредбено со синдикалната минимална кошница за месец јануари – 50 799 денари .
Зголемувањето е поради порастот на индексите на трошоците на животот во февруари 2023 година, во споредба со претходниот месец јануари 2023 година и тоа значително кај Исхрана и пијалоци од 0,9 отсто, Домување 1,3 проценти и кај Хигиената 2 отсто – се наведува во објавата на ССМ.





