ССМ утре од 7-10 часот ќе го блокира влезот на Скопје кај Автокоманда

Синдикатот ќе го продолжи генерашниот штрајк утре со блокирање на влезот на главниот град Скопје од 07 до 10 часот на раскрсницата во населбата Автокоманда.



-Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и поради тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок,​ незадоволството да го изразува на улица. – соопштија од ССМ.

ССМ го стави во мирување генералниот штрајк во регионите погодени од невремето за да можат да се искористат сите расположливи капацитети за справување со последиците.