Апсурдно е државата да им даде средства на работодавачите за исплата на минималната плата од 14.500 денари во време на корона-кризата, а преку 700 работодавачи да не ги исплаќаат, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.



„Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и согласно законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но, тоа не е доволно и мора кривично да се одговора“, вели Димовски.