Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, а платите не го следат истиот раст.



Процентот од 19,8 на инфлацијата за месец октомври е нов аларм за синдикатите, затоа што платите не се зголемуваат но цените и натаму растат и покрај маржите.

Сојузот на синдикати на Македонија ја изработи новата минималната синдикална кошница за месец октомври која достигна до 51.514,00 денари и истата е зголемена за 1 290,00 денари од претходниот месец септември која изнесуваше 50.224,00 денари од почетокот на годината јануари 2022 год. порасна за 15.703,00 денари. Во споредба со истиот месец октомври претходната година зголемена е за 16.940,00 денари.

ССМ бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор .