Работниците кои работат за празниците треба да добијат 250 проценти повисоика дневница од обичен работен ден, побара денеска ССМ од газдите на фирмите кои за Бадник и Божиќ работат.
,,За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50 отсто”, односно една дневница како за работникот кој не работи и една дневница зошто денеска работникот работи зголемена за 50 отсто или вкупно 250 отсто за работник кој работи на Државен празник!“, се вели во соопштението од ССМ кои потсетуваат дека е тоа согласно член 24, став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор .





