Дури 80 илјади поплаки за прекршување на работничките права пристигнале на адресата на Сојузот на синдикати. Поплаките се по основ на неисплатени плати, отпуштање од работа со несоодветна работна постапка, исплата на додатоци во рамките на минимална плата.
Претседателот на сојузот, Дарко Димовски вели дека во големиот број случаи е направена интервенција, а остварен е и контакт со работодавачите кој ги прекршиле работничките права.
„Грото од тие случаи ги решивме, некои не сакаа да не послушат, па поведовме судски постапки, а заостанатите се обративме до Државниот трудов инспекторат. Се постапува, редовно добиваме известување од трудовиот инспекторат каде се врачени решенија, каде се исплатени глоби и најголем дел од работниците со тие решенија се вратени, а онаму каде што не се вратени ССМ им овозможува на тие работници безплатна правна помош“, рече Дарко Димовски, претседател на ССМ.






