ССМ бара да се оди во пензија со исполнети години стаж, Заев бара пониски пензии


„ Жените да може да се пензионираат со 35 години стаж и мажите да одат во редовна пензија со 40 години, без разлика на нивната возраст. За нив да се обезбеди предвремена старосна пензија, бидејќи многу од нив не можат да дочекаат редовно да се пензионираат на 62, односно 64 години поради здравствени причини или претпријатието каде што работеле им отишло во стечај, бара Дарко Димовски, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија.



Насспроти ова премиерот Заев вели дека Владата останува на ставот работниците да можат предвремено да се пензионираат само доколку се согласат на намалување на пензијата, објави Фактор.

Заев најави можност работниците сами да го доплаќаат придонесот, доколку го немаат условот од 15 години за пензионирање а се 5 години до пензија.