Ако државата нема обезбедено финансиски средства во Буџетот за 2022 година за бесплатни ПЦР тестови за сите работници, а работодавачите укажуваат дека товарот треба да падне на работниците за тестирањето за да можат да им дојдат на работа и да им работат за минимална плата од 15.200 денари и да им ствараат милиони во добивка, работниците побргу ќе умрат од глад отколку од корона“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА.
ССМ реагира на најавените мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести со кои се предвидува вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа.
ПЦР тестот ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена.
Синдикатите бараат ПЦР тестирањето да не падне на товар на работниците бидејќи нивните пресметки покажуваат дека се потребни минимум 20.000 денари месечно за 10 ПЦР тестирања.







