Порталот СакамДаКажам откриа детали околу најновата владина според која мерка српски туристи да бидат ослободени од плаќање патарина летово при транзитирање низ Македонија.
Од оваа давачка ќе бидат ослободени само српските туристи кои одат за Грција, бидејќи подарокот од македонската влада како благодарност за донираните вакцини ќе важи за коридорот 10, од граничниот премин Табановце на српската граница до граничниот премин Богородица на грчката граница, пишува СДК.
Останатите српски државјани, кои ќе одат во Охрид, преку автопатот Скопје-Гостивар, или во Дојран, преку автопатот Скопје-Штип, нема да можат да го користат подарокот од македонската влада.
Предидено е Владата да додели 200.000 М-Смарт картички за српските туристи со по 760 денари за патарина во два правци, колку што чини транзитот по Коридор 10 низ Македонија, ифмормираше на прес – конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. Смарт картичките ќе бидат на располагање за сите српски државјани кои од ќе транзитираат на Коридорот 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година, јавува Нова ТВ







