Милован Јовановиќ, водител на српската телевизија О2, е топ-тема на социјалните мрежи благодарејќи на лапсусот во интервјуто со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Набројувајќи ги учесниците на неодамнешниот состанок во рамките на иницијативата „Мал Шенген“ во Тирана, Јовановиќ го претстави Зоран Заев како премиер на Северна Албанија, а Вучиќ не реагираше.
Гафот на новинарот е околу 12:53 минути од почетокот на видеото:




