Српски туристи синоќа влегоа во Грција, но…

Грчката влада доцна синоќа им дозволи влез на српските туристи кои вчера цел ден беа заглавени на граничниот премин Кулата – Промахонас, меѓу Бугарија и Грција.



„По целодневни разговори со официјални лица од Грција, ме известија вечерва дека ќе почнат да ги пуштаат нашите граѓани преку бугарско-грчката граница“, изјави доцна синоќа министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за РТС.

Меѓутоа Б92 јавува дека не се знае дали станува збор за дефинитивна одлука. Денеска треба да се знае и официјално дали српските граѓани ќе можаст дас влегуваат во Грција, преку Бугарија, со оглед дека сè уште не е можен влез преку Македонија.

Зоран Арсеновиќ, претседател на Управниот одбор на Националното здружение на туристички агенции на Србија, рече дека информациите што ги добиле од властите во Србија, но и од партнерите во Грција, биле апсолутно позитивни дека границите ќе бидат отворени за српските туристи на 15 јуни.

„Се потпираме на официјални, државни институции …. повеќето од нашите луѓе синоќа ја преминаа грчко-бугарската граница. Денес околу 12 часот треба да добиеме информации дека на нашите граѓани ќе им биде дозволено да влезат во Грција без никакви тестирања и карантини и очекувам непречено поминување на патниците, без одложување “, изјави тој за Прва ТВ.

Српските туристички агенции вчера доцна попладне беа известени дека „Грција мора да ги следи препораките на ЕУ за отворање на границите со трети земји. Ова важи и за патниците од Србија. Овие туристи ќе можат да влезат во земјите на ЕУ од 1 јули“.