Сообраќајните полицајци Александар Миленковиќ (36) и Владан Николиќ (37) во петокот му помогнале на македонското семејство да го спаси животот на деветгодишно девојче на кое му се слошило.
Семејството кое патувало по авотпатот во правец на Ниш, го запрело автомобилот во стоп-лентата и се обиделе да побара помош за девојчето кое било во несвест, пишува српски „Курир.рс“.
Возачи пријавиле дека на автопатот ма човек со дете во рацете кој се обидувал да застане некое возило, по што веднаш реагирале полицајците кои се наоѓале на околу 500 метри подалеку.
Кога стигнале, виделе морничава сцена -мајката го држела јазикот на детето, за да не се загуши. Очите на девојчето биле отворени, но му се гледале само белките.
Веднаш го земале целото семејство во полициското возило и тргнале кон Белград барајќи поддршка од колегите што побрзо да се сретнат со возилото на итна помош, кое веќе било на пат.
На полицајците Миленковиќ (36) и Николиќ (37) ова им била прва заедничка смена.





