72-годишниот пензионер Стојадин Митиќ од Ниш г понуди на продажба бубрег , за да ги плати сметките за електрична енергија.
Митиќ гдал оглас преку социјалните мрежи што предизвика лавина од реакции.
„До денес добив 4-5 предлози. Најверојатно ќе прифатам еден од нив. Тоа е единствениот начин да обезбедам струја за моето семејство кое цел месец нема електрична енергија“., изјавил Митиќ, како што пренесува Бета.
„Најдобрата понуда е 6.000 евра – вели Митиќ кој вели дека знае дека трговијата со органие забранета во Србија, но вели дека ќе се пријави како донатор.
Митиќ го сфаќа ризикот но нема да се откаже . Митиќ добива 17 000 динари пензија, а неговата сопруга,која е тешко болна, 12 000 динари, што вкупно 240 евра, но долгот е десет пати поголем.
„За некакво незаконско користење на електрична енергија ми бараат 177.000 динари и уште 200.000 за повторно вклучување. Ги немам тие пари, но нема да дозволам мојата сопруга да остане без живот. Никој не може да каже кога ќе има потреба од инхалатор. А како ќе го користи ако немаме струја … вели Митиќ.





