Екс премиерот Зоран Заев на сатиричен начин беше споменат во најгледаната политичка емисија во Србија ,,24 минути со Зоран Кесиќ”.
Гостин аналитичар во последното издание на емисијата е афористичарот Бојан Љубеновиќ кој со Кесиќ прави мајтап за сметка на Зоран Заев.
Двајцата разговараат на тема руски скриени агенти ,,спијачи” и употребата на буквата З кој е симбол на руската агресија на Украина при што Љубеновиќ иронично вели дека Зоран Заев важел за човек на НАТО а всушност бил ,,спијач” на КГБ и бил сменет поради тоа што името и презимето му почнуваме со буквата З.
Делот од сатиричната изјава:
🤣🤣урнебесно🤣🤣
Србиве открија зошто Зоран Заев е сменет 😆
🤣🤣Он бил “спијач“ на КГБ и откако го “провалиле“ го сменија заради дуплото “З“ 🤣🤣
* секогаш имале комшииве добар хумор и сатира во сатиричните емисии
👇🤣👇🤣👇🤣 pic.twitter.com/CHUWgy8EiU
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) May 2, 2022
Целата шегобијна дебата на оваа тема:






