Српската опозиција сонува „македонско сценарио“, вели Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за „Политика” ги коментираше услови кои ги постави тамошната опозицијата за да не ги бојкотира изборите:



„Тие го сонуваат македонското сценарио и му се молат на Бога дека, исто како и Боки 13, ќе носат торби со по милиони евра и ќе им ги делат на обвинителите, Чарлиевите ангели, кои би ги поставиле заедно со странците. Тоа нема да се случи во слободна Србија, денешна Србија“,

На забелешката на „Политика”, дека се стекнува впечаток да за претстојните избори се подготвува „светска работа”, Вучиќ одговори дека „светска работа од тоа прават оние кои ги немаат гласовите на своите граѓани.”

Тој изјави дека изборните правила ги направила Демократската партија (ДС) со „нејзините сателити”, но и покрај тоа поранешниот режим прави се за да се интернационализира „така наречениот проблем со демократијата во Србија од едноставна причина што не може да се потпре на поддршка на граѓаните кои немаат доверба во нив “.

„Тие фантазираат за формирање на преодни влади, за доаѓање на власт без избори, без одлука на парламентарното мнозинство, некако октроисани од меѓународниот фактор. Србија е суверена земја и за таквите глупости можат само да ги сонуваат, а на власт ќе дојдат само кога ќе добијат мнозинската доверба на народот“, вели Вучиќ за „Политика”.