По легендарната канибалистичка изјава на екс лидерот Заев кој најави дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде на власт, раководството на СДСМ со нова закана која што да не е смешна ќе биде тажна.
Полураспаднатата СДСМ сега најавува дека како булдожер ќе ги гази сите оние кои ќе се најдат на патот на иднината.
Партијата која со овој тренд според ИРИ наскоро ќе падне под 100 илјади гласачи им се заканува на сите кои што мислат дека со СДСМ Македонија нема иднина.
Тие според анкетата на ИРИ се 58 проценти од граѓаните.
Премиерот Ковачевски познат како Таче и покрај колапсот на партијата и владата, на глупата изјава на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ се смееше како недоветен на последната трибина на СДСМ.
Каков човек се смее на изјава дека партија на власт ќе гази со булдожер свои сограѓани проценете сами.
Видеото е од рубриката Саботажа во емисијата 360 степени на Алсат М






