Средношколски бојкот на наставата поради загадувањето


Средношколци од гимназиите „Никола Карев“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ утринава се собраа во училишните дворови приклучувајќи се на најавениот бојкот поради огромното загадување на воздухот.



„Бојкотираме во внатрешниот двор, од директорот ни беше кажано дека не смееме да се движиме по ходници. Мораме да бидеме во внатрешниот двор или на часови“, вели средношколец од гимназијата „Корчагин“.

Младинскиот образовен форум (MOФ) синоќа ги повика учениците да пријават ако некој им врши притисок на училиште или ако на одреден начин им ги повредуваат нивните ученички права.

Средношколци од Скопје преку социјалните мрежи најавија бојкот на наставата во сите средни училишта, во знак на протест против високото ниво на загаденост на воздухот. Тие ќе бидат во холовите на училиштата, но нема да присуствуваат на часовите.

Повеќе