Среде условувањето за ЕУ, Радев прими студенти од Македонија

Откако иницираше условување на поддршката за македонското членство во Европска унија со договор за „заедничката историја“ месецов, кога треба да падне одлуката околу датумот за преговори, бугарскиот претседател Румен Радев прими и се сликаше со студенти од Македонија.



„Средба во претседателската институција со студенти од Република Северна Македонија. Одржливиот развој на добрососедските односи меѓу двете најблиски држави на Балканот и промовирањето на контактите меѓу луѓето е најкраткиот пат на нашиот југозападен сосед кон ЕУ“, се вели во објавата на официјалната страница на Радев на Фејсбук.