Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во екот на преговорите за состав на нова влада најде време и за да го поздрави мировниот договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.
„Го поздравуваме договорот за мир меѓу Израел и ОАЕ и се надеваме дека ќе ги нормализира нивните односи, ќе донесе мир и стабилност на Блискиот Исток и ќе ја отвори иднината за граѓаните во регионот. Дипломатијата може да даде резултати, а лидерите на Израел и на Обединетите Арапски Емирати му го покажаа тоа на светот“, твитна на англиски јазик несудениот нобеловец за мир.





