Македонската влада преку министерството за здравство распиша тендер за набавка на огромна количина на средства за заштита од сексуални болести но и за полесно одвивање на сексуални активности.
Се набавуваат 150.000 кондоми, 37.000 кондоми со зголемена издржливост и 50.000 парчиња лубриканти.
Ова се случува кога владее економска и здравствена криза во која Македонија има најлоша слика во регионот по заболени од КОВИД-19.
Нејасно е зошто министерот Филипче објавува тендери кои не се директна помош за оваа епидемија која владее и е на праг вториот бран.
Во Македонија до сега има над 17.000 лица заболени од вирусот и над 700 починати.
Минатата година министерот за здравство, Венко Филипче беше обвинувам дека наместо терапија за ретките болести набави 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти. А, пред неколку месеци, во октомври минатата година, владата набави дополнителни 20.000 шишиња лубриканти.





