Среде одиумот за „бисерот“ за вакцините, Шекеринска ја „нападнал“ нејзин лажен профил на Твитер

„Тешки времиња“ за министерката за одбрана Радмила Шекеринска – покрај со одиумот во јавноста за нејзината „славна“ изјава дека досега не набавиле вакцини за да не негодува народот дека врз него ќе се тестираат, заменичката на претседателот на СДСМ се пожали дека си има работа и со нејзин лажен профил на Твитер.