Среде економска и коронакриза со потпис на вицепремиерот Артан Груби владата отворила почесен конзулат во српскиот ски центар Златибор.
Во овој крај од Србија нема значителен број граѓани со македонско потекло и нејасно е зошто владата отвара конзулат во оваа туристичка дестинација која е многу малку посетена од македонски туристи.
Одлуката е потпишана од Артан Груби а ја спроведува Шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Целата одлука на владата во продолжение:
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 7 алинеја 11 од Законот за надворешни работи (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.46/06, 107/08, 26/13, 39/14, 61/15 и 226/15), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 2 март 2021 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОТВОРАЊЕ НА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛАТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО РЕПУБЛИКА СРБИЈА СО СЕДИШТЕ ВО ЗЛАТИБОР
Член 1
Со оваа одлука Република Македонија отвора Почесен конзулат во Република Србија, со седиште во Златибор.
Член 2
Се задолжува Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.
Бр.40-3029/1
Прв заменик наПретседателот
2 март2021 година
на Владата на Република Скопје Македонија
Артан Груби






