Премиерот Зоран Заев денеска на Светскиот економски форум во Давос имал средба со Џорџ Сорос Сорос на која разменилие идеи за интензивирање на соработката меѓу Владата и Фондациите Отворено општество.
Соработката би била насочена кон обезбедување подобри капацитети за грижа и за предучилишно образование за децата и за поголема вклученост на граѓаните Роми во разни сфери на општествените текови во Македонија.
Во разговорот, како што е наведено во соопштението од Владата на РМ, била истакната важноста на Националната стратегија за едно општество и мултикултурализам, како и потребата од интензивно учество на граѓанскиот сектор во креирање и спроведување на Стратегијата, со цел да се поддржи општествениот тренд на унапредување на довербата и комуникацијата меѓу различните граѓани и заедници во Република Македонија.





