Доналд Трамп објави дека историскиот состанок со лидерот на Народна Демокртатска Република Кореја, Ким Јонг-ун, ќе се одржи во Сингапур на 12-ти јуни.
„Ќе се обидеме да ја претвориме во многу посебен момент за светскиот мир’ објави американскиот пшретседтел на Твитер.
Најавата на Трамп дојде само неколку часа откако тројца Американци, кои беа завореници во Северна Кореја, пристигнаа во американската воена база надвор од Вашингтон, откако беа ослободени од севернокорејскиот лидер.
Ова е прва официјална средба меѓу актуелните лидери на двете земји.
Договореното е резултат на двете посети на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Пјонгјанг, каде што разговараше со Ким Јонг –ун .





