Сопственикот на холдингот ФЕРО ИНВЕСТ, Кочо Анѓушев, се сретна со специјалниот претставник на британскиот премиер, задолжен за трговија, Мартин Викерс и со директорот за трговија и инвестиции за Централна Европа, Ричлов Менса – соопштија од компанијата.
![]()
Делегацијата од Обединетото Кралство се интересираше за можностите за инвестиции во енергетскиот сектор во Северна Македонија, како и за деловите од енергетскиот сектор кои можат да бидат привлечни за британските инвеститори.
Инвеститорите од Обединетото Кралство ги разгледуваат можностите за засилено вложување на својот капитал во Југоисточна Европа и британските државни претставници разговараат со релевантни личности од бизнис заедницата кои можат да им дадат издржани анализи за идните движења на полето на енергетиката во поширокиот регион.
![]()
Покрај размената на мислења за актуелните случувања во енергетиката и тековите во енергетската транзиција, Анѓушев се заблагодари на британската делегација за финансиската помош од Обединетото Кралство дадена на Северна Македонија, а со чија помош се изработи државната Стратегијата за енергетика, во мандатот кога Анѓушев ја извршуваше функцијата Вицепремиер на македонската влада – се додава во соопштението.




