Средба на Али Ахмети со „огнените“ од ДУИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се соочи со водачите на „огнената група“ Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети, денеска во партиското седиште во Мала Речица.



Се очекува тие на маса да ги стават барањата за реформа на партијата

„Огнените“ преку писмо веќе побараа одлуките во партијата да се носат во партиските органи, а не двоецот Ахмети – Груби.

Незадоволни од работата на министрите „огнените“ бараат смена на првиот вицепремиер и на други министри, како и отчет за досега сработеното во Владата.