„Лидерите на албанската опозиција вечерва го посетија лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во Гостивар, за да расправаат околу опозициската соработка на претседателските и парламентарните избори.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својата вест со наслов „Лидерите на албанската опозиција на средба кај Таравари во Гостивар! Дали се формализира соработката?“.
ИНА дополнува во својата вест: „Лидерот на Демократското движење Изет Меџити изјави дека на оваа средба се разговараше за соработката, платформата и другите организирања на албанската опозиција.“
Инаку, исто така вечерва Арбен Таравари постави на својот фејсбук-профил видео од масовен собир со членовите и симпатизерите на Алијансата за Албанците и со други граѓани во Гостивар, покрај објавата: „Во Гостивар тргна промената и ништо не ја запира повеќе!





