Турција сака да ја види Македонија како 30 членска во НАТО без никакво одлагање, изјавил шефот на турската дипломатија Мевлет Чавушоглу, на средбата со македонскиот МНР Никола Димиров, и истакнал дека неговата земја ја признава Македонија под уставното име, пренесуваат грчки медиуми. кои зборот Македонија и Република Македонија го става во навод или „го преведува“ со пјРМ.
„Имаме силни врски со Македонија, кои датираат векови наназад без оглед на политичките односи, но би сакал да истакнам дека нашите политички врски се совршени овие денови, додаде Чавушоглу кој додаде дека Турција ја признава Македонија под нејзиното уставно име“.
Турскиот МНР рекол дека за целиот Балкан е важна стабилноста на Македонија, и потсетил дека Турција има добри одсноси со Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово вклучително и со Црна Гора, затоа што Турција придава значење на стабилноста на регионот и обезбедува поддршка за економски развој“”.





