Средбата на министрите за надворешни на Русија и Украина, Лавров и Кулеба, заврши околу 11 часот, а министерот за надворешни работи Дмитри Кулеба изјави дека средбата била тешка, но дека „Украина нема да се предаде“.
Кулеба рече дека разговорот со Лавров бил без договор за прекин на огнот и хуманитарен коридор од Мариупол.
Посредник на средбата беше турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.
Лавров рече дека денешната средба покажала дека нема алтернатива за разговорот. Ги користевте луѓето како жив штит“, рече Лавров, мислејќи на украинската страна.
Зборувајќи за руската страна, тој рече дека приказната за хуманитарните коридори се уште е „на маса“, и да се разговара кои патишта се најбезбедни.
„За време на последната рунда разговори руската страна излезе со конкретни предлози, а украинската не увери дека ќе даде конкретен одговор. Сакаме сериозно да разговараме за работите“, рече Лавров.







