Николина Источки, Македонка во женската фудбалска репрезентација на Канада до 15 години, се закити со сребрен медал на шампионатот на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) во Тампа, Флорида.
Четиринаесетгодишниот напаѓач од Мисисага беше во почетниот тим на Канаѓанките во финалето против домаќинот САД, кој славеше со 4:1. Македонката асистираше за единствениот гол на нејзиниот тим што го постигна Изабеле Чукву во 26. минута, кога намали на 2:1, а беше заменета во 59. минута.
Источки, чиј татко Трајче е роден во Торонто, а мајката Нада во Пустец, Албанија, беше стрелец на три гола на првенството, од кои два во стартниот триумф над Јамајка од 5:0 и еден во победата над Порторико од 4:1.





