Сребрен медал за Георгиевски на Европските игри во Полска

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на 3. Европски игри во Полска, прв за 17-члената репрезентација на Македонија на ова натпреварување.



Георгиевски во финалето загуби од Британецот Кејден Луис Канингам со 2:0, по рунди 4-0 и 13-2.

На патот до финалето олимпискиот вицешампион од Токио ги победи Матија Молин од Италија со 2:0 (по рунди 14-1 и 7-3) во осминафиналето, потоа Андреј Харбар од Украина со 2:1 (2-4, 7-0 и 16-14 откако губеше со 9-1!) во четвртфиналето и третиот фаворит Иван Гарсија Мартинез од Шпанија со 2:0 (4-2 и 8-3) во полуфиналето.