Дијалогот со Русија ќе се интензивира како што ќе се појаснуваа ситуацијата во источна Украина, каде што продолжуваат непријателствата, изјави Михаил Подољјак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина и член на преговарачкиот тим на украинската страна.
Според Подољак, руската армија извршила нова офанзива од големи размери не само во областите Доњецк и Луганск, туку и во правец на Харков.
„Како резултат на тоа, ќе стане јасно дали Русите ќе можат да се борат или не. Не исклучувам дека ова ќе биде проследено со нова фаза на активна дипломатија. Тогаш руската страна ќе се обиде да го продолжи дијалогот“, рече тој.
„Секако дека таквото сценарио (средба на лидерите) не е исклучено. За прекин на војната ќе биде потребна средба меѓу лидерот на окупаторската земја Русија и претседателот на Украина Зеленски“, рече тој.
Во однос на улогата на Турција во преговарачкиот процес, Подљјак истакна дека Анкара направила важни напори да стави крај на војната и Киев е благодарен за тоа.
„Република Турција стана многу активен посредник. Анкара презеде голема одговорност… Ние сме за продолжување на посредувањето на Турција. …Несомнено, состанокот во Истанбул беше најпродуктивниот од сите рунди на дијалог“, рече Подољак во интервју за агенцијата „Анадолу“.







