Србите ја изгубија локалната власт во Косовска Митровица

Советничките места на Србите во Општина Косовска Митровица денеска беа заменети со Албанци, јавуваат медиуми.



Во присуство на бројни членови на косовската полиција, во општинската зграда во Северна Митровица се одржа седница на која положија заклетва новоименуваните советници Албанци, а за претседател е избран Неџат Угљанин.

Така, општина Северна Митровица де факто им припадна на Албанците, пишува Б92.

Односно, тие го презедоа управувањето со општината откако претставниците на Српската листа ги напуштија институциите, а потоа ЦИК донесе одлука за именување на Албанци за советници.

Албанците денеска со насилство и еднострани потези ги зазедоа советничките места на Србите во српската општина Косовска Митровица, иако никој не гласаше за нив и немаат никакво мнозинство или поддршка од српскиот народ, вели Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија.

Косовските медиуми најавуваат и дека 16 нови советници веќе дале заклетва, од кои само еден е Србин.