На вчерашните локални избори во четирите српски општини на северот на Косово, победија кандидатите на партиите на косовските Албанци.



Србите не излегоа на гласање. Од 45.000 луѓе со право на глас, на изборите излегле само 1.567, односно 3,47%.

Дека овие избори се победа на српското единство покажуваат и резултатите од вчерашните избори во четири општини на северот на Косово и Метохија, на кои излегле 1.567 од 45.950 гласачи, а само 13 Срби, пренесува Б92 .

Ниската излезност уследи откако Белград и Српска листа ги повикаа косовските Срби да ги бојкотираат изборите. На тој начин, во Косовска Митровица и Лепосавиќ победија кандидатите на партијата „Самоопределување’ на Албин Курти, додека во Зубин Поток и Звечан најмногу гласови освоија кандидатите на Демократска партија на Косово.

Амбасадата на САД во Косово соопшти дека изборите се одржаа во согласност со уставните и законските одредби на Косово.

„Ние ја поддржуваме разновидната, инклузивна и мултиетничка демократија во Косово“, кажаа од амбасадата.

Локалните избори беа организирани откако српските градоначалници во овие четири општини поднесоа оставка на повик од Белград поради спорот околу регистарските таблички.