Србија: За продавање лажни ПЦР тестови, до 8 години затвор

Обвинителството за организиран криминал во Србија во последната година и половина кривично гони 12 лица кои правеле лажни ПЦР тестови.



Шест членови на организирана криминална група беа уапсени на 16.08.2020 година, а кај нив беа пронајдени 16 фалсификувани ПЦР тестови. Сите тие беа осудени.

Уште шест лица беа приведени во април минатата година, а епилогот од ова апсење се пет правосилни пресуди за фалсификување и продажба на лажни ПЦР тестови.

Казните за ова дело, според законот, се движат од три месеци до осум години затвор, во зависност од тоа дали се работи за организатор или соработник, јавува Б92.