Србија воведува посебен режим за влез на хрватски дипломати

Српските власти од денеска воведоа посебен режим на контрола за



За сите хрватски функционери, при влез во Србија ќе биде воведен посебен режим откако Хрватска вчера ја забрани приватната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Јасеновац

„Од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе мора посебно да ја објават и оправдаат својата посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен контролен режим“, најави српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман објасни дека хрватските власти преку неофицијални канали дознале дека претседателот Вучиќ има намера да ги посети Јасеновац и Пакрац и дека потоа ѝ ја предале нотата на Србија.

Шефот на хрватската дипломатија оцени дека „не може да се каже дека приватна посета е посета на Јасеновац, Пакрац и којзнае каде на друго место“.

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ изјави дека намерата на претседателот Вучиќ била да положи цвеќе и да запали свеќа, а српското МНР ја известило Хрватска дека Вучиќ е заинтересиран за официјална посета на Јасеновац во секое време до 17 септември 2022 година.

Министерството за надворешни работи на Србија се обиде да упати протестна нота до хрватската амбасада во Белград, која претставникот на таа амбасада одби да ја прими.