Српскиот парламент ги усвои измените во Кривичниот законик на Србија, со што се укинува казната затвор од 30 до 40 години и се воведува доживотен затвор за најтешки кривични дела.
Предвидена е доживотна казна за тешки убиства, силувања на малолетници, на бремени жени и немоќни личности, што е во согласност со предлогот на Фондацијата “Тијана Јуриќ”, која ја поддржаа околу 160.000 граѓани.
Доживотната казна затвор е проширена на сите други кривични дела за кои важечкиот закон сега предвидува казна од 30 до 40 години.





