Србија: Уште едно 13-годишно момче изврши злосторство

13-годишно момче со нож и секира нападнало жена и нејзиниот син во селото Радоево во Србија, пишува Нова.рс.



Во нападот повредени се мајка и син, по што ноќеска во 3 часот и 33 минути биле примени во болницата во Зрењанин.

Мајката (57) потоа била пренесена во Клиничкиот центар во Војводина, а порталот zrklik.com неофицијално дознава дека при нападот со секира се здобила со повреди на главата.

Нејзиниот син (17) бил прободен неколку пати во пределот на градниот кош и удрен со секира во главата, а лекарите се борат за неговиот живот.