Министерството за надворешни работи на Србија упати протестна нота до Амбасадата на Албанија во која остро го осудува палењето на државното знаме на Србија во Тирана по победата на албанската фудбалска репрезентација над Фарските острови.
На 20 ноември на социјалните мрежи и медиумските портали се појави видео на кое се гледаат фудбалски навивачи во Тирана како го палат знамето на Србија на плоштадот Скендербег со порака „Ве чекаме“.
Со палење на српски знамиња албански навивачи порачаа: „Ве чекаме“ (ВИДЕО)
Во соопштението се наведува дека Министерството за надворешни работи на Република Србија, во тој дух, очекува надлежните институции на Република Албанија да направат се што е во нивна моќ за откривање и кривично гонење на сторителите на тоа дело, кои се јасно видливи во објавеното видео, како и дека во разумен рок ќе ги информираат институциите на Република Србија по дипломатски пат.







