Србија: Распишани претседателски и парламентарни избори

Претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, ги распиша изборите за претседател на Србија, кои во таа земја ќе се одржат на 3 април, заедно со вонредните парламентарни и локални избори.



Рокот за поднесување листи за парламентарните избори и кандидати за претседателските избори е до 12 март на полноќ.

Иако официјално не е потврдено, кандидат на владејачката коалиција за претседател секако ќе биде претседателот на СНС, Александар Вучиќ..