Експертскиот комитет за имунизација му препорача на Кризниот штаб на Србија да се даде и трета доза на вакцина од коронавирус и тоа најмалку шест месеци по приемот на втората доза.
Како што дознава Б92 за третата доза на вакцина во Србија, се препорачуваат сите четири типа на вакцини за коронавирус кои веќе се во употреба.
Според препораката на Експертскиот комитет, вакцините Физер, АстраЗенека, Спутник и Синофарм добија зелено светло за третата доза.
Граѓаните ќе можат да ја изберат третата доза.







