Во тек е евакуација на јавните и спортските институции, трговските центри и факултетите во Нови Сад поради дојави за поставени бомби, потврдија за Танјуг од српското Министерство за внатрешни работи.
Засега се евакуирани Техничкиот факултет, Каменичкиот институт, Железничката станица, Филозофскиот факултет и трговскиот центар Меркатор.
На електронските адреси на надлежните служби и медиумите е испратена порака во која се вели дека „бомбите се темпирани да активираат денеска, во текот на утрото и рано попладне“.
Дојавите за бомби кои пристигнале во Клиничкиот болнички центар (КБЦ) во Звездара и Зоолошката градина во Белград биле лажни, потврди Танјуг од МВР.
Според нив, контрадиверзантските екипи извршиле увид и констатирале дека пријавите се лажни.
Дојава за бомба стигна и до Воено-медицинската академија (ВМА).
Пред два дена електронски беа испратени анонимни лажни извештаи за поставени бомби во повеќе од 100 основни и средни училишта во Белград, за кои подоцна беше утврдено дека се лажни.







