На Институтот „Торлак“ е покренато производството на вакцината против коронавирус „Спутник Ве“ и во иднина ќе може да се извезува во земјите од регионот, соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).
„РФПИ и Институтот за вирусологија, вакцини и серуми ‘Торлак’ објавуваат дека е покренато производството на руската вакцина против вирусот корона ‘Спутник Ве’ во Србија. Со ова Србија стана првата држава во јужна Европа која ќе ја произведува ‘Спутник Ве’. Производството во Србија е во согланост со најстрогите стандарди“, соопшти Фондот.
„Денес во присуство на стручњаците од Рускиот фонд за директни инвестиции на Владата на Русија и на руската фармацевтска компанија ‘Генериум’ во Институтот ‘Торлак’ е извршено полнење на првата серија контролни дози од вакцината ‘Спутник Ве’. Од 20 мај почнува производството!“, објави српскиот министер без ресор задолжен за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ.






