Србија: Педофил осуден на доживотен затвор

Високиот суд во Ниш го осуди Нинослав Јовановиќ (46), попознат како „малчански бербер“, на доживотен затвор, поради киднапирање и злоупотреба на малолетна девојка кон крајот на 2019-та година.



Првостепената пресуда беше јавно објавена во Високиот суд денеска, во присуство на семејството на повредената малолетничка, како и бројни новинари.

Ова е најстрога можна казна и ова е прв пат судот во Србија да изрече доживотна казна затвор, откако оваа санкција беше воведена во нашиот правен систем и започна да се применува на 1 декември 2019 година.

Јовановиќ е повеќекратен повратник, кој поминал повеќе од 20 години во затвор и сега е во притвор.

Тој ја киднапирал девојката на 20 декември 2019 година и ја малтретирал околу десет дена, по што била пронајдена, а тој бил уапсен седум дена подоцна.