Околу 50 лица се повредени по сударот на патнички и товарен воз што се случи соноќа на делот од пругата Оџаци – Ратково, во Војводина.
Според инфформациите, патничкиот воз удрил во задниот дел на товарниот воз.
И патничкиот и товарниот воз сообраќале од Нови Сад кон Богојево, а до судирот дошло кога патничкиот воз го стигнал товарниот воз и удрил во задниот вагон на товарниот воз.
Според првите извештаи од терен, причина за овој несекојдневен судар е човечки фактор.
Железничката комисија за истражување на вонредни настани спроведува истрага за да се утврди кој е одговорен за вечерашниот судир на возот.







