Србија од четврток го прекинува извозот на брашно, пченка, масло и пченица, најави претседателот Александар Вучиќ.
Вучиќ за ТВ Б92 изјави дека Србија ќе има доволно масло, пченица, пченка и брашно за себе и за регионот. Зборувајќи за состојбата со пченицата и пченката, Вучиќ рече дека чека да види дали Русија ќе го забрани извозот на тие две жита.
Тој додаде дека од четврток повеќе нема да има извоз на брашно од Србија.
„Не заборавајте дека ова ни се надоврзува на короната, луѓе умираат, никој веќе не зборува за тоа, бидејќи целиот свет се руши покрај нас“, рече тој.







