Србија од полноќ пак под викенд карантин

Кризниот штаб на владата на Србија одлучи за престојниот викенд, почнувајќи од велчерва на полноќ, да биде затворено сѐ на цела на територија на државата, освен продавниците со храна, аптеките и бензинските пумпи.



Мерките предвидуваат од следната недела да продолжи онлајн наставата во средните училишта, а во соработка со Министерството за образование, и учениците од петто до осмо одделение ќе бидат префрлени на часови на далечина.

Оваа викенд-мерка е слична на минатонеделната кога кога затворањето на сите објекти, освен тие за храна, аптеките и бензинските пумпи, беше од сабота напладне до понеделник во 05 часот.