Во Србија во петок почнува производството на руската вакцина откако компанијата „Торлак“ доби дозвола да ја произведува Спутник V.
Сè е подготвено, а производството започнува на 4 јуни.
„ЕКСКЛУЗИВНО: Производството на @sputnikvaccine во Институтот Торлак ќе започне во петок, 4 јуни, со свечена церемонија на која ќе учествуваат високи државни функционери на Србија и Русија. Победуваме заедно!“, напиша Министерот Ненад Поповиќ на Твитер.







